На Шведска ` се потребни ИТ-работници, плата до 4.200 евра

0
96

ПРЕБАРАЈ

МАКФАКС
СВЕТНа Шведска ` се потребни ИТ-работници, плата до 4.200 евраОбјавено пред 4 минути – 29 октомври, 2019Од Макфакс

Во Шведска, како и во многу други земји во светот, последниве години има зголемена побарувачка за работници и професионалци во ИТ-секторот на пазарот на трудот. Работниците во овој сектор можат да заработат 4.200 евра месечно во Шведска.

ИТ-професионалците кои имаат завршено постдипломски студии на ова поле можат да заработат близу 4.920 евра месечно. Локален портал пишува дека на шведската технолошка сцена итно ` се потребни ИТ-професионалци, а програмер е една од професиите што во моментов се најбарани во оваа земја.