Франција не попушта: Преговори со С. Македонија „некаде во 2020“

0
148

Француските дипломати им порачале на своите колеги од другите земји-членки на ЕУ дека Париз е против почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, јавува агенцијата Ројтерс, пренесува Дојче веле – DW.

Дипломатските извори на агенцијата велат дека Франција „засега“ е против давање зелено светло за почеток на преговорите. Повеќе од половината од 28-те членки на ЕУ, како и водечките луѓе на ЕУ, досега отворено поддржаа да се отвори патот кон Унијата за двете земји.

Но, Париз вели дека ЕУ во моментов се соочува со премногу предизвици за да дозволи уште две држави од Балканот. Франција останува на ставот, кој во неколку наврати го искажа и претседателот Емануел Макрон, дека ЕУ најпрво треба внатрешно да се реформира и да утврди заедничка политика за битка против климатските промени и миграцијата. Двете земји ќе мора да направат дополнителни реформи пред да биде одобрен почетокот на преговорите, бара Париз.

„Тие не се стигнати дотаму. Бараме од нив да преземат дополнителни напори“, вели француски претставник. „Преговорите не можат да бидат отворени во октомври 2019, и ќе треба одново да ја оцениме состојбата некаде во 2020“, го цитира изворот DW.

Темата ќе се најде на дневен ред на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург следниот вторник.