Ќе доцни ли стартот на субвенционирањето на зголемувањето на платите?

0
144

Иако најавено дека ќе стартува од 1ви ноември, сепак законот се уште го нема поминато собранискиот филтер. На пленарна седница, ќе се гласа дури на 5ти ноември.

Па оттука се отвора прашањето, дали законот ќе може да важи за платите кои газдите ги покачиле овој месец, или сепак ќе важи за следниот ?!

„Очигледно на политичарите не им е толку битно економијата, туку битни им се други работи. Законот ако го читате, вика ќе се применува од ноември, или за плата октомври,  октомвриска плата се исплаќа од 1ви до 10ти. Ако се закасни во собрание, тогаш сакале или нејќеле ќе мора да е од ноевмриска плата или од први декември“, вели Ангел Димитриов, претседател на Организација на работодавачи.