СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш. Л. (26) од Скопје поради разбојништво.
На 3 и на 6 август, во две продавници и тобако во Скопје, пријавениот со закана извршил разбојништво над вработените, при што одзел пари.
Од полициски службеници бил извршен претрес на домот и во други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „екол“ и предмети што потекнувале од извршените кривични дела, информираат од МВР.