Министерот за животна средина побегна од прашањата за загадувањето

0
100

На настан за состојбите за животната средина министерот Насер Нуредини ги избегна новинарските прашања за аерозагадувањето бидејќи биле надвор од темата.

Дури и неговата преведувачка инсистираше да се поставуваат прашања само во врска со меѓународниот извештај за загадувањето во земјата. Она што министерот го кажа беше само беше повторување на ставот од минатата недела.

 „Во долгорочната стратегија е гасификацијата на земјата. На краток рок ќе ги преземеме сите неопходни мерки, за да се запре загадувањето, како што е борбата против пожари и подобра контрола врз индустријата, ќе разгледаме различни компании за интегралните дозволи А и Б, и ќе сториме се што е можно за кратко време. Долгорочно, ова е комплексно прашање, на кое сите мора да работиме заедно“-изјави Насер Нуредини, министер за екологија.

На прашањето на новинарите за време на панелот, министерот Нуредини не кажа колку казни се изречени на оние што го загадуваат воздухот. Она што министерот не го знае, Алсат го дозна од Инспекторатот за животна средина.