Пушката ја држеше во торба, под јакната имаше панцир“ – ученичка од средното училиште во Србија раскажа детали за инцидентот

0
113

Човекот влезе закопчан, под јакната имаше панцир, со оружје, со автоматска пушка, бомби и ми се чини со пиштол. Тој влезе во училницата на трето три каде рече дека се ќе биде во ред ако му го дадат бројот на државната безбедност. Вака почетокот на драмата во средното Економско-угостителско училиште во Велика Плана го опишува 17-годишната ученичка Т.Ж.

Таа за Спутњник рекла дека во моментот на упадот во училиштето имало деца, кои веднаш го повикале класниот раководител.

„Професорот им рече на децата да излезат од училницата и го искористи моментот на невнимание на напаѓачот кој покрај пушката имаше и експлозив. Во еден момент професорот го зграби оружјето во неговите раце и го потпре на таблата. Тогаш човекот запука и во тој момент го повреди професорот“, рекла ученичката.

Како што изјавила, на професорот му е повредена раката, но не е во животна опасност.

Полицијата набрзо дошла во училиштето и децата биле евакуирани. Освен професорот никој дру не бил повреден.

Горан Т. од селото Ливадица денеска упаднал во училиштето за време на шестиот час и испукал два куршуми од автоматска пушка. Потоа бил уапсен.

Според неофицијални информации станува збор за човек со психички проблеми.