Француски џихадист осуден на 28 години затвор

0
80

Еден џихадист денеска беше осуден на 18 години затвор, затоа што се обидел да убие двајца стражари во француски затвор. Билал Таги, 27-годишен Французин со мароканско потекло ги нападнал стражарите во посебниот затвор за „радикализирани исламисти“ во околината на Париз во 2016 година. Тој таму издржувал петгодишна затворска казна по неуспешниот обид за заминување во Сирија.

Таги веднаш признал дека сакал да ги убие стражарите во име на џихадот на Исламската држава и се заканил дека повторно ќе се обиде ако има прилика, но денеска рече дека се кае и дека се откажал од смртоносната идеологија на таа организација.

Осудениот има рок од 10 дена да се жали на пресудата.