СЛУЧАЈ „ВИЗБЕГОВО“: ДЕЦАТА ВРАТЕНИ ВО МАЛИОТ ГРУПЕН ДОМ, ДЕЛ ОД СОСЕДИТЕ СЕ УШТЕ ПРОТИВ НИВ

0
166

Трите момчиња кои вчера беа преместени од малиот групен дом во Визбегово поради протестите на жителите се вратени во домот. Екипата на ТВ24 ги затекна како си играат во дворот со миленичето Оскар.

Две од нив немаат родители, а третото има, но ретко го посетуваат. Не дочекаа со палачинки кои со помош на готвачот вработен во домот ги подготвиле заедно. Поради тоа што се малолетни не добивме дозвола да ги снимаме, но во разговор ни кажаа дека дека за разлика од домот „Ранка Милановиќ“ каде претходно биле згрижени, условите сега им се многу подобри. Денот им започнува со појадок а потоа продолжуваат со настава. Од училишните предмети најмногу го сакаат спортот и музиката.

„Обично афинетите им се движат околу спортот, спортските активности, музичко, сакаат да свират на сентисајзерот да пеат, да играат фудбал и кошарка, како и сите други деца.“ – вели Наташа Ристовска – педагог.