Тешка несреќа во Македонија: Автомобил прегази пешак

0
66

Пешак е тешко повреден откако на него налетал автомобил на улицата  „Гоце Делчев“ во Гостивар.

ЦВР Тетово информира дека несреќата се случила во 14 часот кога на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Н.М. од гостиварска Долна Бањица, удрило во пешак. Се работи за 55-годишниот Р.С.од Гостивар кој веднаш бил пренсен во болница.

Увид на местото на несреќата врши екипа од Полициската станица Гостивар.