Власта и опозицијата блиску до договор за изборниот законик, моделот останува ист

0
73

На последната средба на работната група во Министерството за правда постигната е согласност во Законикот да се вметнат препораките од ОБСЕ/ ОДИХР во пресрет на предвремените избори напролет. Но, засега нема договор за промена на изборниот модел.

Ваквата информација ја потврди пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби. Изборниот модел за предвремените останува ист – шест изборни единици и затворени листи.

На иста линија е и опозицијата. Бараат што побрзо да се усвојат препораките  од ОБСЕ и ОДИХР. За нив , најприфатлив модел останува мнозинскиот со 120 изборни единици.

Даниела Рангелова засега е единствената пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ која го прифати предлогот на Заев за една изборна единица, иако рокот до изборите е краток.