Трамп го одликуваше кучето кое учествуваше во ликвидацијата на лидерот на ИСИС

Белгискиот овчар Конан пристигна во Вашингтон од Блискиот исток и лично од американскиот претседател Доналд Трамп прими медал и благодарница, пренесува „СиЕнЕн“.

На свеченото врачување на признанијата на учесниците во операцијата присуствуваа и првата дама на САД, Меланија Трамп, како и претседателот Мајк Пенс.

Трамп рече дека се сретнал со специјалните сили на САД во Белата куќа. Конан претрпе повреда за време на рацијата, но претседателот рече дека сè уште нема да се пензионира.