Тројца Американци се пуштени од затвор по 36 години – не биле виновни (ВИДЕО)

0
153

Алфред Костен, Рансом Воткинс и Ендру Стјуарт се осудени за убиство од прв степен на ученичка од средното училиште ДеВит Дакет во Балтимор.

„Беше пекол. Беше ужасно“, рече Костен за своето искуство во затворот.

Костен и Воткинс имале 16 години кога биле уапсени, а Стјуарт бил на 17 годишна возраст. Тие од тогаш се во затвор, пренесува Си-Ен-Ен.

Кога Костен поднел барање за пристап до информации оваа пролет, тој открил докази што не му биле предадени на неговиот адвокат за време на судењето. Потоа, тој поднел тужба до Секторот за интегритет, кој ги разгледува старите докази.