Активистите бараат од Владата да се одземе концесијата за изградба на Иловица

0
97

Активисти од Струмица не сакаат ниту да слушнат да има рудник кај нив. Се собраа на протест пред Влада, за како што велат да побрзаат и да ги убедат надлежните да ја одземат концесијата за изградба на рудникот Иловица Штука пред да се формира техничка Влада и потоа се да се искомплицира за нив. Со изградбата ќе се уништи целиот Југоисточен регион – гласно предупредија насобраните активисти на Илинденска број 2.

Протестирачите веднаш добија одговор од канадската компанија Еуромакс рисорсис којашто ја доби концесијата за изградба на Иловица Штука. Беспотребно стравувате за животната средина, велат оттаму. Се обидоа да ги разубедат активистите да не им стојат на патот бидејќи проектот ќе донесе странски инвестиции и илјадници работни места.