Анѓушев: Изградабата на гасоводот со Грција е од огромно значење

0
75

Вицепремиерот Кочо Анѓушев кој е во делегацијата што ја предводи премиерот Заев на бизнис форумот во Солун, рече дека на средбата со грчкиот премиер ќе го постави прашањето за градење на гасоводот со Грција, заради поголема конкурентност и развој на овој бизнис во нашата земја. Што се однесува до трговските марки, тој уверува дека нема да биде оштетена ниту една македонска компанија.