Боки 13 од понеделник во домашен притвор?

0
81

Во понеделник, апелација ќе решава за тоа дали Бојан Јовановски, првообвинет во случајот Рекет, ќе остане во притвор во затворот во Шутка.

Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здравствена состојба. Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба  и здравствена кондиција а во установата ќе остане се додека не се комлетираат резултатите од спроведените испитувања, велат во соопштението од болницата.

Според информации на Сител на притвореникот Јовановски му била правена колоноскопија со анестезија како и други дијагностички процедури. Претходно, санитарниот здравствен инспекторат по надзорот во затворот утврдиле дека нема пропусти во неговиот здравствен третман а Боки 13 за 4 месеци колку што е во притвор дури 25 пати бил на лекарски прегледи.