Лојане-Миратовац ќе стане меѓународен граничен премин

0
78

Наместо локален премин, како што беше предвидено, Лојане – Миратовац ќе стане меѓународен граничен премин.

Разговорите околу деталите, динамиката и активностите за отворање на новиот граничен премин меѓу Македонија и Србија, ги почнаа вицепремиерот Бујар Османи и државниот секретар при српското МВР, Милосав Миличковиќ.

Османи и Миличковиќ оценија дека новиот премин ќе претставува бенефит не само за граѓаните на пограничните општини, туку и за сите граѓани на двете земји преку забрзување и олеснување на меѓусебна комуникација.

Според Османи, Миратовац-Лојане станува симбол за напредок во регионалната соработка.

– Реализацијата на проектот Граничен премин Миратовац-Лојане, не само што ќе придонесе за олеснување на транспортот, размената и севкупната комуникација, туку претставува и значајна политичка активност, во насока на реализација на политичките заложби нотирани и во Иницијативата за регионална соработка, со цел реализација на заложбите од т.н. Конективити агенда на Берлинскиот процес, а во насока на унапредување на добрососедските односи како автентична европска вредност на двете земји, истакна Османи.