ЕКОНОМСКИ ЕКСПЕРТИ: ПОВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ ЌЕ ЈА НАРУШАТ СТАБИЛНОСТА НА ПИОМ

0
94

Зголемувањето на пензиите за 700 денари што е поголемо од законското усогласување со инфлацијата повторно ќе ја наруши стабилноста на пензискиот фонд и, во крајна линија, ќе предизвика пораст на вкупниот буџетски дефицит. Со ваков став излегоа и Меѓународниот монетарен фонд но и домашните економисти кои ја критикуваат новата политика на Владата, која одлучи пред избори да го одврзе државното кесе и најави повисоки пензии и плати. ММФ ја потсети власта дека за подобрување на животниот стандард на граѓаните мора да има раст на економијата и структурни реформи. Според пресметките на Фајнанс тинк, минималната плата треба да расте, ако расте и продуктивноста. Во спротивно ќе повлече низа негативни работи.

Може да има отпуштање, но и потенцијални пресии кон работниците, односно манипулација со нивните работнички права. Како што е работа во викенд, намалени денови од одмор.

Меѓународниот монетарен фонд смета дека замрзнувањето на прогресивниот данок, планираниот пораст на платитете и на пензиите ќе ги поткопа придобивките што досега беа направени во фискалните политики. За најголемата опозициска партија, власта со промената на законот до сега им скратила на пензионерите над 6000 денари.