Макрон доаѓа во Скопје, искри ли Загреб во мај надеж за преговори?

0
73

Францускиот претседател Емануел Макрон ја прифатил поканата и најверојатно ќе дојде во Македонија во првото полугодие следната година. Претседателот Стево Пендаровски кој вчера се сретна и разговараше со него сепак изјави дека Макрон рекол оти недобивањето датум за Македонија е поради тоа што на Франција и на Унијата и треба време. Не понудил алтернатива за полноправно членство на земјава во Европската Унија. Македонија исполнила се, но сега се подготвува и нова методологија за преговарачкиот процес со ЕУ која ја заговара Франција, а која најверојатно ќе биде готова до март

„Ми рече. Вие испорачавте се што се барало а јас не нудам алтернатива на полноправно членство или други форми на соработка. Ми рече прецизно, дека никогаш неговата намера не била да ни даде алтернатива на полноправно членство, туку дека целта му била да го подобри процесот, да не продуцира само бирократски успеси а суштински неуспеси кај земјите кандидати“, рече вчера Пендаровски.

Пендаровски вели дека Франција пред една недела доставила нон-пејпер на три страници до земјите членки во кои се опишани начелата на ревидираната методологија за зачленување на кандидатки за ЕУ. Макрон сметал дека ќе биде усвоена до март, а веднаш потоа на следната седница на Европскиот совет на 6 мај на Самитот на ЕУ во Загреб да биде донесена одлука за земјите кои чекаат пристапни преговори со ЕУ.