Нов црн биланс во Албанија, има 46 мртви досега

0
101

Бројот на загинати во Албанија се искачи на 46.

Четири тела попладнево се извлечени од под урнатините.

Последните жртви се двајцата близнаци, Диониси и Диониса и нивниот поголем брат Емилијо, кој имал шест години, додека животот го загубила и нивната 31-годишна мајка. Во операцијата за нивно вадење од урнатините учествуваа екипи од странство, пишува Ноа.ал.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 17:15 часот, извлечени се трупови на цело семејство кои спиеле кога се случил земјотресот во зградата која се сруши целосно.

Од 700 повредени, десетмина се во сериозна состојба.