ПРАВДАТА ПОБЕДИ: ПО ЖЕСТОКАТА РЕАКЦИЈА НА ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ, ИЗВРШИТЕЛКАТА МУ ЈА ВРАТИ КУЌАТА И ПОКУЌНИНАТА НА РИСТЕ БАЊОГЛАВ ОД КАРБИНЦИ

0
77

Мактел дознава дека денеска наместо да продолжи со одземањето на имот и да ја одземе и фармата со кози, извршителката во Штип решила да му ја врати куќата и покуќнината на земјоделецот Ристе Бањоглав од Кавадарци кој е жртва на лихвари.

Вчера јавноста се крена на нозе кога се дозна дека поради долг од 10 000 евра кој бил вратен не еднаш туку два пати, сепак лихварите и извршители му ја одзеле куќата и фармата на поранешниот кандидат за градоначалник на Карбинци.