Спроведена републичка акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол

0
153

На 16/17.11.2019 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите Сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи спроведоа републичка акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол. Притоа, санкционирани се 203 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 213 останати прекршоци за кои се издадени соодветни санкции.