Во дворот на ПОУ „д-р Златан Сремец” пуштено е во употреба новото рекреативно детско катче

Денеска во дворот на ПОУ „д-р Златан Сремец” градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и директорката на училиштето, Марија Делетиќ свечено го пуштија во употреба новото рекреативно детско катче.

Инклузивното игралиште наменето за децата од училиштето е донација од познатата компанијата ЖИКОЛ, која со помош на Општина Кисела Вода го изгради игралиштето. Истото партерно го уреди Општината.