Bладата на С. Македонија во четврток ќе избере амбасадори за повеќе упразнети позиции. Според високи извори од извршната власт, сите предлози за амбасадори се целосно усогласени со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претседателот на државата Стево Пендаровски.
За овој предлог Владата ќе решава в четврток, кога министерот за надворешни работи Никола Димитров, по постигнатиот договор со претседателот Стево Пендаровски, ќе ги претстави кандидатите за амбасадори во повеќе земји.
Инаку, по изборот на Пендаровски за претседател на државата, Талески стана и национален координатор за НАТО.