Двајца бизнисмени сведочеа дека биле рекетирани од Бојан Јовановски

За 2 милиони евра, Бојан Јовановски вети дека нема да бидам обвинет во случајот „Поштенска банка“..

Вака денеска пред судот сведочеше бизнисменот Зоранчо Митровски.. Вели дека понудата ја добил преку посредник, а парите требало да го забошотат случајот кој СЈО го отворило против него..

За рекетот го известил само амбасадорот на Латвија зашто тој самиот е почесен конзул на оваа земја.. Тврдеше дека за случајот, амбасадорот го известил шефот на дипломатијата Никола Димитров.. Не поднел пријава до институциите зашто немал никаква доверба дека некој ќе му помогне.

„Не пријавив зашто ми беше срам, емотивно се кршев во себе да пријавам нешто за СЈО кога во него имавме толку надеж.. Специјалното обвинителство се претвори во кошмар и покрај очекувањата дека ќе донесе правда“ рече во судницата Митровски.