ДЕТАЛИ ОД НОВАТА ДРАФТ ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

0
83

Власта се откажува од формирање на ново јавно обвинителство за гонење висока корупција а Специјалното јавно обвинителство и дефинитивно заминува во историјата откако министерството за правда ја изготви нацрт-верзијата за новиот закон за јавно обвинителство. Со нацрт-верзијата на овој предлог-закон до кој дојде ТВ 24 се предвидува надлежностите на СЈО да преминат во рацете на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на чело со Вилма Рускоска.

– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од Специјалното јавното обвинителство а согласно Законот за СЈО. Јавните обвинители во СЈО кои постапувале по предметите од надлежност на ова јавно обвинителство, продолжуваат да постапуваат по тие предмети кои се предадени на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.