Додека Бектеши се мисли ВМРО-ДПМНЕ ќе го укине законот за пазари

Пратеници од ВМРО ДПМНЕ сакаат во среда да го укинат Законот за трговија на зелените пазари кој треба да стартува од 1. Јануари 2020 година. Ако помине овој предлог, тоа ќе значи дека овој Закон, кој беше донесен во 2018, но не стартуваше во 2019 поради реакциите, никогаш нема ни да заживее. Четворицата пратеници кои се потпишани во документот, сметаат дека на тој начин ќе се излезе во пресрет на барањата на пазарџиите.

Предлог Законот за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка има за цел да го укине штетното законско решение за најзасегнатите со Законот за трговија на зелени пазари, односно пазарџиите. Спроведувањето на овој закон нема да предизвика финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија и другите јавни финансиски средства“, наведуваат преглагачите на законот.