Саудиска Арабија ѝ става крај на поделбата на рестораните врз основа на пол

0
76

Рестораните во Саудиска Арабија веќе нема да бидат приморани да имаат одделени сектори за мажите и жените како што беше до сега, одлучи саудиската влада.

Порано, рестораните требаше да имаат два посебни влеза, еден за семејства и жени, додека другиот, само за мажи. Ова правило и така не се почитуваше во последно време во многу ресторани.

Во Саудиска Арабија направени се неколку реформи поради критиките и незадоволствата. Во текот на оваа година, кралската влада им дозволи на саудиските жени да патуваат сами без одобрение од машки старатели, додека минатата година жените добија право да имаат возачка дозвола.