ДУИ одржа конгрес, Ахмети реизбран за претседател

0
70

Али Ахмети е реизбран за претседател на Демократската Унија за Интеграција. Одлуката на делегатите беше едногласна и Ахмети немаше противкандидат. Во неговото обраќање, староновиот претседател Али Ахмети рече дека ДУИ се гради за да ги предводи процесите во наредните 20 години. За изборите на 12 април, Ахмети рече дека тие се многу важни, бидејќи се гласа за иднината на земјата.

Сега на 12 април го имаме првиот тест и убеден сум дека како што сме забележале за 18 години 16 победи, ова на 12 април ќе биде следна победа и најважна за ДУИ, за Северна Македонија, како субјект кој знаел да одржи етнички и политички баланс на овие простори. На 12 април не победува ДУИ, туку Северна Македонија и граѓаните. Сме знаеле да менаџираме, да балансираме и да се соочиме со најголемите тешкотии и истите успешно да ги менаџираме“-изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.