ЗАКОН ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА – КОЈ ЌЕ ДОБИЕ А КОЈ ЌЕ ИЗГУБИ?

0
69

Закон за стопирање на безправното градење или масовна легализација на се што се градело без план, дозвола и стандарди. Што ќе донесе новото законско решение кое веќе го усвои владата? Новиот закон кој денеска конечно го презентираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески отвора можност за масовна легализација на се што е изградено до октомври годинава. Можност за легализација ќе има и на заштитените подрачја, како безправно изградените платформи на Матка, а ќе куртули само заштитениот појас во Охрид.

– Во рамките на Охридскиот регион ќе може да се легализираат само оние објекти коишто претставуваат функицонална целина до 1 октомври 2019та година и кои според студиите за оцена на влијание на животната средина и студиите за оцена на влијание на културното наследство не ги загрозуваат универзалните вредности на УНЕСКО. – Горан Сугарески – министер за транспорт и врски.