Кариерните дипломати во предност за амбасадори

0
72

Најголем дел или речиси 90 отсто од амбасадорите во последните две години се кариерни дипломати. Така изгледа и новиот список на предложени амбасадори што го усвои Владата и за кои е започната процедурата. Се очекува веќе во јануари да бидат пополнети дипломатските позиции во меѓународните организации. Проблематични остануваат неколку имиња, главно предлози на политичките партии, но за нив ќе биде пресудно дали ќе добијат безбедносен сертификат, доказ за неосудуваност и кога тројца со двојни државјанства ќе го задржат само македонското.

Постои и предлог, кога станува збор да политички решенија за амбасадори, да има можност кога има согласност меѓу Владата и претседателот, таквите амбасадори да се повлекуваат. Овие дилеми се разрешуваат доколку во јануари се усвои новиот закон за МНР.