Меркел: Итно ни требаат стручни работници од земји надвор од ЕУ

0
101

Успејте во Германија” – со овој слоган Германија сака да регрутира стручњаци од странство. Германската канцеларка, во пресрет на самитот кој денеска ќе се одржи во нејзиниот кабинет во Берлин, го искористи и своето редовно саботно видео-обраќање за да ја алармира јавноста поради недостиг од квалификувана работна сила во Германија, предупредувајќи дека тоа може да ги натера германските компании да се преселат во странство.

Знаеме дека многу сектори и компании бараат квалификувани работници,“, изјави Меркел. „Без доволно квалификувани работници, Германија не може да биде успешна како деловна локација. Затоа е неопходно да ги вложиме сите напори за вработување доволен број стручњаци. Во спротивно, компаниите ќе мораат да се селат, а тоа, се разбира, не го сакаме“, истакна Меркел.