Приведено лице поради лажна пријава за бомба во битолската болница

0
105

Полицијата во Битола го привела Т.Е.(30) од с.Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба.

Според пријавеното, тој вчера, во 14.17 часот, од непознат број телефонски пријавил бомба во Клиничка болница во Битола.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава, а по преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило.