Силата на Сибир ги поврза Русија и Кина: Путин и Си го пуштија во работа моќниот гасовод

0

Со ова, Кина станува водечкиот руски извозен пазар, а Москва добива голем пазар кој е надвор од Европа. Сепак, Русите не планираат да сопрат на тоа и продолжуваат да работат на реализација на подводниот гасовод Северен тек 2 за испорака на гас во Германија и гасоводот Турски тек за испорака на гас во Турција и јужна Европа.

Сибирскиот гасовод кој е долг околу 3 илјади километри ќе транспортира гас во следните три децении и се проценува дека во руската државна каса благодарение на „Силата на Сибир“ ќе се слеат 400 милијарди американски долари.