Убиен полицаец во Игало

Полицаецот на црногорската гранична полиција Милутин Лековиќ почина како резултат на повредите здобиени по инцидентот што се случи во Игало.

Полициската управа соопшти дека Лековиќ починал синоќа, откако беше опериран во болницата во Рисан.

Како што се наведува, Лековиќ бил ранет од огнено оружје, од задното седиште на полицискиот автомобил во центарот на Игало, од страна на еден од тројцата странски државјани кои биле приведени бидејќи не поседувале документи за идентификација.

„Еден од нив, за време на приведувањето, маж на возраст од околу 45 години, вперил пиштол кон полицаецот, изрекувајќи заканувачки зборови. Тогаш дошло до размена на оган, при што напаѓачот е застрелан и оневозможен од страна на полицајците, додека другите две лица, маж околу 50 години и жена околу 70 години, исто така се совладани“, соопшти Полициската управа.