Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта

0
88

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му биле доверени во службата.

Ова се случило на крајот на минатиот месец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за лице од Гостивар со иницијали С. Џ. на возраст од 56 години.

Против благајникот поднесена е кривична пријава за проневера во службата.