ДУИ СО НАДГРАДЕНИ И ПРОШИРЕНИ АМАНДМАНИ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

0
81

Амандманската расправа за изборниот законик утре се сели во комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Претседателот на комисијата Александар Кирацовски информираше дека комисијата стартува со работа утре во 14 часот иако вели по илјадниците амандмани не е оптимист дека овие законски решенија ќе бидат донесени пред распуштањето на парламентот. Но и денеска од СДСМ апелираат до коалицискиот партнер ДУИ и опозициската ВМРО ДПМНЕ да ги повлечат амандманите .

Од ВМРО ДПМНЕ пак и денеска велат нема да ги повлечат амандманите , бидејќи како што рече денеска кординаторот на пратеничката група на најголемата опозициска партија Мицески тие не се поднесени за да бидат повлкечени .