Експретседателот на Пакистан, Первез Мушараф осуден на смрт

0
70

Специјалниот суд на Пакистан го осуди пораншениот претседател на оваа земја, Первез Мушараф на смртна казна, во големиот судски случај за велепредавство.

На Мушараф, кој со земјата владеееш од 1999 до 208 година, му се судеше во одсуство бидејќи пред неколку години го напушти Пакистан заради лекување и веста за пресудата ја прими во тешка здравствена состојба во болницата во Дубаи. Од болничкиот кревет тој порача дека смета оти судењето не било фер бидејќи се воделео без негово присуство, но и заради тоа што тој и служел на својата земја „чесно“. Снимката на Мушараф на објавија пакистанските медиуми. Конечата одлука за смртната казна ја донесе Врховниот суд во Исламабад, кој на тој начин ја поддржа претходната одлука на понискиот суд, а пресудата е донесена со прегласување, два спрема еден, пренесоа светските меидуми.