Заев: Сметам дека предлогот за технички министер на МВР не е во согласност со Уставот

0
83

Премиерот, Зоран Заев, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, рече дека разговарале за две главни теми – кандидати за преодна влада и за изборниот модел, при што нагласи дека има забелешка за предложеното решение за прв човек на полицијата во техничката влада.

За предлогот за министер за внатрешни работи Мицкоски во својата изјава не соопшти име, но Заев кажа дека станува збор за воено лице притоа поставувајќи дилеми дали тоа е во согласонст со Член 97 во Уставот, Законот за внатрешни работи и Законот за служба во армијата. Имено, како што рече премиерот, спорно е воено лице да врши функција во МВР, бидејќи за таа должност треба да се назначи лице кое е цивил последните три години.

Премиерот повика на дебата за предлогот меѓу експертите и стручната јавност, со цел да се оцени релевантноста на истиот.