Министерството за финансии ја награди најдобрата маркетинг стратегија за Мој ДДВ

0
76

Од 15ти декември стартува наградната игра МојДДВ Моја награда. Ќе се делат 10 дневни, 12 месечни и 2 главни награди и тоа по случаен избор на самиот софтвер .

Добитни ќе бидат сите фискални без разлика на износот и платениот ДДВ.

Државата за оваа намена одвои половина милион евра.

Во следните две недели се очекува и првата исплата на пари за граѓаните кои скенираат фискални, за јули, август и септември. Повеќе од 10 илјади корисници не ја внеле својата трансакциска сметка, за да го добијат повратот. Од УЈП апелираат граѓните тоа да го сторат што поскоро.

Податоците покажуваат дека над 180 илјади граѓани скенираат сметки. Заклучно со денешниот ден остварен е вкупен поврат од над 5 милиони евра. Следната исплата ќе биде во февруари следната година.