Почна акцијата за зададување нови 50.000 багремови садници кај РЕК Битола

0
100

АД ЕСМ и РЕК Битола денеска ја започнаа овогодинешната есенска акција за пошумување, во рамките на која ќе бидат засадени нови 50.000 багремови садници.

“Во двете акции за пошумување што ги имавме овие две години засадуваме 100.000 нови багремови садници. Тоа е 1/3 од вкупниот број на садници кои се посадени во и околу РЕК од почетокот на неговото работење. Податок кој доволно зборува за сериозноста со која ова раководство пристапи кон заштитата на животната средина. Заштитата на животната средина е наша обврска. Немаме никаква дилема дека како одговорна компанија мора да направиме сè за РЕК Битола да стане зелена точка на еколошката карта на земјава” – рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.