Новиот закон за легализација на дивоградби не го опфаќа охридско – струшкиот регион заштитен со УНЕСКО

0
71

Невладините организации од Охрид и локалната власт бараат одговори од Владата врз основa на кој закон ќе се решаваат веќе поднесените барања за легализација на бесправно изградените објекти во охридскиот регион – дали врз основа на постоечкиот или новиот, кој е во фаза на носење.

Ако овој закон нема да важи за охридскиот регион, тогаш кој закон ќе важи? Како ќе се третираат новоподнесените барања за легализација во охридскиот регион од 1 јануари 2019 имајќи предвид дека со актуелниот закон се опфатени само барањата до 31 декември 2018? Охридскиот УНЕСКО регион се протега на територија на три општини, но не ги зафаќа во целост. Како ќе се регулира легализацијата во овие општини во деловите надвор од УНЕСКО регионот без да настане хаос поради грешки и/или манипулации?“ – прашуваат од „Охрид СОС“.

За првпат сличен став како и екологистите има и охридскиот градоначалник кој во повеќе наврати напомена дека уште на седницата на ЗЕЛС го искажал ставот дека е против измените во новиот Закон и дека ако се изгласа изземање на регионот тоа ќе создаде уште поголем револт кај граѓаните.