Руски медиуми: Два скандала во Србија фрлаат сенка на посетата на Вучиќ на Русија

0
133

Денешната средба меѓу претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, доаѓа откако два скандала фрлија сенка на посетата, пишуваат денешните московски медиуми.

-Посетата на Вучиќ и неговите разговори во Сочи со Путин се од фундаментално значење, пишува „Комерсант“. Весникот наведува дека по двата големи скандали, кои влијаат на односите – шпионскиот и скандалот со српските мини во Украина – Самитот треба да одговори на главното прашање: дали Србија е подготвена да биде клучен сојузник на Москва во регионот или ќе продолжи да балансира меѓу Русија и Западот. „Комерсант“ наведува, повикувајќи се на неименувани извори блиски до властите во Белград, дека Србија и понатаму ќе се обидува да одржува рамнотежа во односите со Русија и Западот, избегнувајќи очигледно потпирање само на една страна.