Татко од Битола осомничен за полови дејствија врз своите малолетни деца

0
80

Грозоморна вест ја потресе македонската јавност. Три малолетни дечиња од Битола, на возраст од 13, 8 и 6 години биле подолг период жртви на сексуално насилство од страна на сопствениот татко. 58-годишниот злоставувач е веќе во притвор, а Основното јавно обвинителство од Битола и ќе го гони за три продолжени кривични дела, полов напад врз дете кое нема полни 14 години.

Според информациите од ојо, осомничениот повеќепати годинава вршел полови дејствија врз сопствените деца во семејниот дом во Битола. Се работи за алкохоличар и бивш затвореник. Децата останнуваат со мајката.