Фросина Ременски на увид во доказите за „Меѓународен Сојуз“

0
76

Пратеничката Фросина Ременски е во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи увид во доказите за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, каде таа е почесен претседател. Увидот во доказите го прави на нејзинио барање. Но, за разлика од претходниот пат, Ременски овојпат се сокри од медиумите и во Обвинителството влезе од задниот влез.

 

Ременски е осомничена дека помага во делата „измама“ и „перење пари“ преку Меѓународниот сојуз. Делата ги извршувал Бојан Јовановски, или Боки 13, но Ременски со нејзиното присуство во сојузот оставила впечаток дека проектите за изградба на домови за возрасни лица кој тој ги нуди на бизнисмени за еден милион евра се поддржани од извршната власт.