Чулаковски со јајца и камења против загадениот воздух

0
77

Синоќа група граѓани излегоа на протест против загадениот воздух пред зградата на Општина Битола. Со барање да се реши проблемот со загадувањето.

Нивниот протрест продолжи во фоајето на театарот каде се одржуваше Свечена Духовна академија по повод патронот Св.Нектариј Битолски.

Го изразија својот револт со транспаренти во моментот кога од салата излегуваше градоначалничката Петровска.

Вчера попладне повик за протест беше упатен од страна на советниците од Поинаку. Иван Чулаковски на својот фејзбук профил им порача на битолчани дека проблемот не се решава со седење на фејзбук и напиша дека тој ќе носи и јајца и камења.