Џафери; Деловникот не дозволува расправа за изборниот закон

0
83

Во Деловникот за работа на Собранието нема правна основа дека во оваа фаза од собраниската процедура, предлог / измените на Изборниот законик може да се дискутираат на јавна расправа, проценува спикерот Талат Џафери. Според него, за јавна расправа се одлучува на пленарна седница а не во комисија.

Доколку предлог-законот е со скратена постапка, какво е значењето на јавната расправа Ако предлагачите на законот што е во скратена постапка сметаат дека тој закон треба да оди на јавна расправа, тогаш зошто го предлагаат по скратена постапка?”

Изјавата на претседателот на Собранието Џафери е одговор на на претседателот на Комисијата за политички систем за јавна расправа за Изборниот законик. Александар Кирацовски вчера рече дека расправата ќе се одржи во среда.