Актерката Силвија Стојановска во 30 дневен куќен притвор

0
83

Судија на претходна постапка одреди 30 дневен куќен притвор за познатата македонска актерка Силвија Стојановска која попладнево во Скопје беше приведена и однесена во Кривичниот суд. По барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е изречена мерка притвор за лицето В.Б. Против ова решение, двајцата имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Судски извори за НОВА, потврдија дека актерката е уапсена во Скопје заедно со нејзиниот партнер, а неговиот брат бил упасен во Шпанија за шверц на 700 кг. кокаин. Актерката, според нив, наводно помагала со логистика и подигнување на парите.