ДИК одржа седница

Исто како и за претходните три изборни циклуси и референдумот, и за овие избори затворена ќе биде набавката за гласачките ливчиња, но Дерковски тврди дека се почитува Законот за јавни набавки.

Предвремените парламентарни избори земјава ќе ја чинат нешто над 9 милиони евра. Од нив околу 340 илјади евра ќе чини печатењето на гласачките ливчиња и избирачките списоци. Сомнежите на антикорупционерите се дека намерно не се организирале отворени повици за набавка на изборен материјал, туку неоправдано се одело на непосредно договарање со печатниците а секогаш се фаворизирала Киро Дандаро. За да ги отстрани сомнежите Дерковски ја повика ДКСК сама да ја спроведе набавката.