ЕДУАРД КОКШАРОВ ПОВЕЌЕ НЕ Е СЕЛЕКТОР НА РУСИЈА

0
202

Едуард Кокшаров поднесе оставка на селекторското место во руската ракометна репрезентација по неуспехот на Европското првенство.

„Не можам да останам на чело на тимот, затоа што не сум ја завршил задачата, иако со сесрдно сакав да ја коригирам ситуацијата. Им посакувам на тимот големи победи во иднина, сигурен сум дека тие сигурно ќе дојдат.Благодарност до раководството на Руската ракометна федерација што ми верував и ги обезбедив сите услови за работа“ стои во образложението на оставката на Кокшаров.

Спортскиот директор на РК Вардар, до неодамна работеше како тренер и во Вардар, а сега не е ниту во стручниот штаб на македонскиот и европски првак, ниту во селекцијата на Русија. Целта на Русите била пласман на Олимписките игри во Токио и тоа не е остварено.