Рохани: збогатување ураниум е на повисоко ниво од пред 2015 година

0
92

Претседателот на Иран Хасан Рохани рече дека Техеран сега збогатува повеќе ураниум отколку пред постигнувањето на нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година. До ваквата ситуација дојде откако земјата почна постепено да се откажува од обврските кои требаше да ги исполни според договорот.

Рохани денеска кажа дека притисокот врз Иран е зголемен, но дека тие продолжуваат со напредокот. Земјата ги тргна сите ограничувања за производство на збогатен ураниум како одговор на санкциите од Соединетите Американски Држави кои следеа откако претседателот Доналд Трамп во 2018 година го напушти нуклеарниот договор.

Трамп бара Техеран да преговара за нов договор, а другите пет потписнички- Британија, Франција, Германија, Кина и Русија се обидуваат да го одржат постоечкиот во живот.